Седум работи кои не смеете да ги заборавите кога патувате во странство

 Често забораваме на важните работи пред да одиме на одмор, а тоа може да го расипе патувањето и да ни донесе доза на стрес.

Што е вредно да се запамти и што да направите пред патувањето? Што да однесете на одмор?

Неколку дена пред заминување на одмор почнуваме да чувствуваме возбуда, но и нервоза. Ние се фокусираме на неопходните работи, набавки, планирање на одморот. Меѓутоа, ако останувате подолго, посебно во странство, треба да размислите за дополнителните активности кои ќе ви овозможат брзо да реагирате и да ги избегнете дополнителите проблеми во неочекуваните случајни ситуации.

Документи за автомобилот и мапи

Кога заминувате со автомобил, проверете дали во потполност е исправен и дали го имате неопходното осигурување. Повеќето имаат GPS кој нѐ води во текот на нашето патување, но нема да боли доколку понесете со себе и мапа.

Проверете какви се сообраќајните прописи во земјата каде што престојувате, како и во земјите низ кои ќе поминете. Исто така, дознајте која опрема е потребна во дадената земја (рефлектирачки елеци, апарати за гаснење пожар, комплет за прва помош итн).

Копии од документот

Заштитете се во случај на губење на документите – никогаш не чувајте ги сите документи, пари, карти и платежни картички на едно место. Губењето пристап до парите и документите кои ви овозможуваат да се вратите дома, во најлош случај, може да значи и преноќување под ведро небо. Вредно е да ги проверете податоците за контакт на конзулатот однапред и како да дојдете до него ако е потребно. Потребно е да имате скренирани документи.

Држете ги копиите блиску до вас и сокријте ги оригиналите.Покрај тоа, корисно е да ги имате броевите од документите, на пример во телефон или на некое друго место, затоа што во случај на кражба, ако и вашите платежни картички се изгубени, нивната резервација често го бара идентификацискиот број.

Дополнително осигурување

Осигурувањето изберете го во зависност од видот на парувањето и од тоа дали активно ќе се занимавате со спорт (на пример: планинарење, нуркање). При замилувањето на одмор осигурувањето е често вклучено во пакетот.

Проверете го опсегот на заштита. Често не се покриваат трошоците за можната хоспитализација. Ако патувате по земјите од ЕУ, вреди да направите EHIC (European Social Security Card). Кога патувате со автобомил во земјите кои не се членки на ЕУ, сетете се на зелениот картон.

Пристап на пари

Пристапот на пари – носењето на многу готовина со вас не е сигурно. Од една страна, го држиме на повеќе места, а од друга страна – ајде да имаме пристап преку платежните картички. Проверуваме, меѓутоа, какви се провизиите за безготовинско плаќање и повлекување од странските бакномати. Сѐ повеќе банки нуди картички со мали фиксни провизии за овој вид активности или, пак, целосно се откажуваат од провизијата.

Полнач за телефон

Никогаш не се заборавајте ни за телефон, ни на полнач. Исто така е вредно да размислите за соларниот полнач, кој во отсуство на пристап до електрична енергија, ќе биде додаден извор на енергија за телефон.

Телефонирањето е клучно во ситуација на губење на документите, проблемите на пат. Исто така имате пристап до интернетот.

Лекови

Ако трајно земате лекови кои се важни за нашиот живот и здравје, носете дупли пакувања со себе. Во случај на неочекувано продолжување на престојот (губење документи, проблем со возилото, доцнење на летот итн). Овој вишок ќе ви биде многу битен.

Обезбедување на станот

Утврдете кому ќе ја препуштите грижата за вашиот стан или куќа, кога ќе заминете на одмор. Вреди да го разгледате осигурувањето на имот, затоа што според статистиките, во деновите на одмор има најмногу  кражби.

Scroll to Top