Секој квадратен метар на Јадранот е покриен со отпад, предупредуваат експертите

Експертите во Хрватска предупредуваат за огромниот отпад кој завршува во Јадранското море. Тие велат дека секој квадратен метар од морето е преполно со отпад. Тие откриле 700 морски видови кои биле погодени од големата количина на пластика во морето.

Според постоечките податоци, се проценува дека 9 од 10 птици кои живеат во морето, 1 од 3 морски желки и повеќе видови на китови изеле дел од пластиката во морето.

Повеќето од пластиката која стигнува на дното, остава драматични последици по животот во него, предупредуваат експертите. Тоа може да резултира со смрт за повеќето возрасни единки и младенчиња.

Ексертите проценуваат дека секоја година во морето и океаните се фрла 12,7 милиони тони пластика, или пластично објаснето, тоа би значело еден камион на секоја минута да фрла пластика во водата. Медитеранот и Јадранското море како дел од него, е едно од најзагрозените подрачја. Според проценките, во него секоја година завршуваат повеќе од 200.000 тони пластика.

„Денес немате квадратен метар на морското дно во Јадранот, а да нема отпад. Ситуацијата е исклучително алармантна. Имаме несреќа ѓубрето да доаѓа и одилегални ѓубришта од Албанија, но, ни канализацијата во Хрватска не е на ниво на онаа во Европската унија. Јадранот полека станува депонија за отпад“, рече професор доктор Петар Кружиќ од Биолошкиот отсек на Природно математичкиот факултет во Загреб.

Scroll to Top