Секс и мастурбирање ќе им донесе победа на фудбалерите на Мундијалот

Сексуалниот терапевт Вера Рибеиро,сопруга на голманот на португалската репрезентација Руи Патрисио, е убедена дека актуелниот европски шампион ќе има поголеми шанси за успех на претстојниот Мундијал во Русија, доколку избраниците на Фернандо Сантош почесто мастурбираат.

Во својата последна објавена книга, Вера Рибеиро, објаснува дека играчите многу подобро се носат со стресот ако редовно се самозадоволуваат.

 

„Мислам дека Португалија ќе има поголеми шанси за успех на Светското првенство ако селекторот Фернандо Сантош ги поттикне играчите да мастурбираат“, вели сопругата на првиот голман на португалскиот гигант Спортинг од Лисабон.

Поубавата половина на Руи Патрисо тврди дека не е добро кога селекторите им забрануваат секс на фудбалерите за време на големите шампионати. Тоа, според неа, не е добра одлука.

 

„Фудбалерите не треба да апстинираат пред натпреварите, не треба да се поврзува нивниот спортски дел со повеќе или помалку секс“, вели таа.

Фудбалските медиуми веќе на големо ја коментираа теоријата на Вера, но и се прашуваат дали истата ќе ја примени нејзиниот сопруг и дали ќе има подобри интервенции за време на Мундијалот во Русија доколку почесто маструбира пред натпреварот.

Scroll to Top