Секс-сцените во филмовите ќе ги заменат компјутерски слики

Откако во март престана снимањето серии и филмови во светот, филмските продукции сакаат да продолжат со работа. Но, наместо да снимаат секс-сцени, кои заради блискиот контакт можат да го прошират коронавирусот, тие сакаат нив целосно да ги заменат со слики што ќе се обработуваат компјутерски. За оваа цел планираат да ја користат технологијата CGI – слики генерирани од компјутер, пишува „Сан“.

Според „Сан“, Трговското здружение на уредници на филмови, има неколку предлози за тоа како може да се вметнат љубовните сцени во филмовите. Тие сметаат дека „сцените на близок контакт треба да бидат препишани, отстранети или преработени со CGI технологија“.

На глумците пред снимањето ќе им бидат одржани лекции за соодветни техники за миење на рацете, а даден е и предлог кастингот да се одржува зад плексиглас. Секој што е на терен за снимање ќе мора секој ден да помине тест на коронавирус, а на секое снимање да присуствува и медицински персонал. Целата екипа која работи зад камерата мора да носи маски и шлемови. Ова се само некои од барањата што треба да се решат, а кои најверојатно ќе бидат прифатени од раководството на филмската индустрија.

 

„Филмовите веќе нема да бидат толку реални, а што е филм без малку љубов“, коментираат на социјалните мрежи и додаваат дека ова значително ќе ја намали и гледаноста на блокбастерите.

Scroll to Top