Секси покерџија најдена мртва во својот стан во Москва

Дваесет и шестгодишната Русинка Лилија Новикова, позната како најсексапилниот играч на покер, е пронајдена мртва во бањата во нејзиниот дом. Полицијата се сомнева дека починала од електричен удар.

Новикова била сама, а нејзиното тело било пронајдено на подот во бањата во станот во Москва. Полицијата верува дека додека го полнела телефонот, таа користела и некој друг уред во бањата, кога ја удрило струја.

Нејзините родители се загрижиле кога Новикова не им се јавила на телефон. Ги замолиле соседите да го проверат нејзиниот стан. Тие ја пронашле мртва на подот.

„За време на првите проверки на мртвото тело на младата девојка, регистрирани се знаци од траума од електричен удар“, вели вели во соопштението од рускиот истражен комитет.

Засега не е потврдено дали Новакова почнала од уред (наводно нејзиниот телефон не бил исправен) или откако доживеале електричен удар, силно ја удрила главата од плочките, што резултирало со смрт.

Истрагата е во тек и наскоро се очекува службите да утврдат на кој начин дошло до смртта, велат од истражниот комитет. Новакова имала диплома по инженерство од Врховниот руски универзитет и не ги прифаќала понудите за работа во водечките индустриски компании. Наместо тоа таа почнала професионално да игра покер.

 

Scroll to Top