Сексот лечи и рак и инфаркт

Утринскиот секс може да го зајакне вашиот имунолошки систем за само еден ден затоа што го зголемува нивото на антитела што не штитат од инфекции. Исто така го зголемува нивото на естроген со што се подобрува тонусот и структурата на кожата и косата, се вели во книгата  „Because it feels good“ и во неа пишува за придобивките од утринскиот секс. Сексот наутро ве прави појаки и поубави. Истражувањето на универзитетот Квинс во Белфаст открили дека водењето љубов три пати неделно може за 50 отсто да го намали ризикот од срцев или мозочен удар.

Истражувањата на универзитетот Нотингам покажало дека мажите што имале редовен секс во 50-тите години имаат помали шанси за развој на рак на простатата.

Заклучок: Потрудете се да се разбудите секој ден 15 минути порано за да можете да уживате во благодетите на утринскиот секс во текот на целиот ден.

Scroll to Top