Селдин Салиу од дебарско Требиште освои второ место на куп во уметничко лизгање во Италија

Селдин Салиу (15) од дебарското село Требиште го освои второто место на меѓународниот натпревар во уметничко лизгање, кој се одржа во Италија, во Мерано.

На Салиу ова му беше прв настап за Македонската федерација на лизгачки спортови и прво деби за Македонија. Тој досега ја претставуваше Италија (каде живее со своето семејство)  и во која беше шампион во уметничко лизгање и европски шампион во категорија кадети.

Тој својот прв пехар го освои на седумгодишна возраст. Досега учествуваше на 44 натпревари во различни категории во Италија и во други змеји. Осумнаесет пати бил прво место, 10 пати второ место и 5 пати трето и има 11 медали.

Во февруари 2015 станал регионален шампион на Венето, адве години подоцна стана национален шампион, кадет на Купот во Торино.

Неодамна е дел од Македонската федерација на лизгачки спортови.

Scroll to Top