Сепак ќе се снима специјална епизода од „Пријатели“

Специјалната епизода од култната серија „Пријатели“ ќе се снима во август, потврдија продуцентите. Ова го објавија откако пред неколку месеци открија дека го откажале снимањето заради пандемијата со короната. Светската епидемија прекина снимање на многу серии и филмови во светот.

Снимањето на новата епизида на „Пријатели“, во која ќе се појават сите шест лика: Моника, Џои, Чендлер, Рос, Рејчел и Фиби, требаше да почне на крајот на март, а потоа беше одложено за почетокот на мај, по што беше откажано.

„Среќен сум што повторно постои можност да снимаме. Се надевам дека ќе почнеме во август, ако сè оди добро и нема ран втор бран“, рече креаторот на серијата, Марта Кофман.

Scroll to Top