Сестри од Прилеп донираат облека и шминка за матурантки

Дениза и Мартина Миткоски, сестри од Прилеп, преку Фејсбук објавија дека сакаат да подарат бесплатно шминкање и фустани за 5 матурантки од социјално ранливи семејства. Тие своите услуги ги нудат на деца од социјално загрозени семејства, деца без родителска грижа, деца од семејства со мали приходи, со пречки во развојот, со хендикеп или деца на самохрани родители.

Тие својата идеја ја споделија на социјалните мрежи. Нивната цел, како што велат, е и овие девојки да имаат незаборавен и убав спомен од матурската ноќ. Дениза и Мартина додаваат дека гарантираат за анонимноста на девојките кои ќе бидат избрани и повикаа кон нивната идеја да се приклучат и други бутици и салони за да помогнат на што повеќе девојки кои не можат да си го дозволат тоа.

 

 

Scroll to Top