Шишиња со урина и пелени со измет евакуираа зграда во Аеродром

Евакуацијата на зградата во Аеродром била поради нехигиена. Дел од присутните лица пред зградата од каде што беа евакуирани изјавија за „Макфакс“ дека причината  за смрдеата е нехигиена во еден од становите.

Тие забележале мноштво пелени со измет, а пак, под скалите во зградата каде што престојувал бездомник имало 10-ина шишиња полни со урина.

Неофицијално, мирисот во станот е од амонијак. Станарите чекале шест часа пред своите домови, а истовремено, полицијата, Противпожарна екипа и брзата помош заминале на терен.

Жителите од зградата на улицата Кузман Јосифовски – Питу, број 15, во скопската населба Аеродром, кај „Мезе бар“, беа евакуирани по пријава дека во влезот почувствувале силна миризба и печење на очите.
Scroll to Top