Шведска ракометарка ќе го смени полот

Шведската ракометарка, Луиза Санд, која игра во француски „Брест“, реши да ја прекине кариерата за да го смени полот.

„Има причина зошто се одлучив на овој потег. Се надевам дека сите ќе ја почитуваат мојата одлука. Време е навистина да почнам да го живеам мојот живот. Во последно време се чувствувам многу лошо и ги знам причините за тоа. Родена сум во погрешно тело. Никогаш не сум се чувствувала како јавна личност, но сега ми е јасно дека ова нема да мине без да привлече внимание. Решив да свртам нов лист и ќе го преживеам сето тоа“, рекла Санд.

Пред да замине во Франција, таа играше за шведскиот клуб ИК „Савехоф“.

Scroll to Top