Шведскиот принц Карл Филип и неговата сопруга, принцезата Софија, се позитивни на Ковид-19, соопштија од шведското кралско семејство.
Тие се чувствуваат добро, е наведено во соопштението, и се додава дека во текот на денот ќе бидат тестирани и кралот Карл XIV Густаф, кралицата Силвија, постарата сестра на принцот и престолонаследничката Викторија и нејзиниот сопруг, принцот Даниел, пренесува „Ројтерс“.
Принцот Карл Филип е четврти во редот за шведскиот трон.