Синиот воз на Тито повторно ќе вози

Туристичка агенција од Србија организира ексклузивно возење со Синиот воз на Тито на 29 ноември, Денот на Републиката. Турата тргнува од белградската станица Топчидер, а ќе вози до Ужице, со ноќевање на Златибор. Според порталот „Глас на Западна Србија“, патниците за време на возењето ќе имаат можност да слушнат за историјата и атракциите поврзани со Синиот воз.

Поаѓање од станицата Топчидер е на 29 ноември, а враќањето е на 30 ноември од станицата во Ужице.

Цената на билетите за тематското возење со возот на Тито до Ужице е 5.900 динари, а бројот на места е ограничен.

Scroll to Top