Синот на Шумахер победи на трката во „Спа“

Мик Шумахер, синот на седумкратниот светски шампион во Формула 1, Михаел Шумахер, оствари прва победа во европската Формула 3 на патеката „Спа“ во Белгија. Тој победи на истата патека на која неговиот татко победи во Формула 1 пред 26 години.

Мик се натпреварува веќе две ипол години, а ова му е прва победа во кариерата. Тој стартуваше од шестата позиција и пред првиот круг беше четврти. До крајот на обиколката, Мик влезе во топ 3. На пет минути пред крајот на трката, Мик во само два свиока ги претекна Маркус Армстронг и Роберт Шварцман и победи во „Спа“.

Scroll to Top