Скопјани ќе прават новогодишна елка од луѓе за Гинис

Организаторите на „Винтерленд“ ќе се обидат да го урнат Гинисовиот рекорд за најголема елка во светот направена од луѓе. Тие ги повикаа сите граѓани што сакаат да бидат дел од обидот Скопје да влезе во Гинисова книга на рекорди, да дојдат на плоштад „Македонија“ в сабота (21.12.2019 година) во 13 часот и да бидат дел од елката. Во моментов, најголемата елка од луѓе според Гинис е направена во Индија во 2015 година, а биле вклучени 4030 учесници.

„Ве очекуваме в сабота во 13 часот на плоштад за да го сместиме Скопје на светската Гинис мапа“, порачуваат тие.

Настанот е дел од „Винтерленд“, па по обидот да се направи елката за Гинис, концерт од 14 часот ќе одржи Бени Шаќири со неговиот бенд.

 

Scroll to Top