„Скопје колинг“ е презакажан за септември

Наместо на 5.јуни, кога требаше да се одржи „Скопје колинг“ е презакажан за 12.септември на стадионот на АРМ. „Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со корона вирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот.  Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе кои се инволвирани во реализација на фестивалот., “, велат од Авалон продукција.   Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот  истите ќе им бидат важечки и за новиот датум.

Scroll to Top