„Скопје колинг“ презакажан за септември

Музичкиот фестивал „Скопје колинг“ што требаше да се одржи кон почетокот на месец јуни, е презакажан за септември, соопштија организаторите „Авалон продукција“. Новиот датум на одржување на фестивалот е 12 септември, на стадионот на АРМ.

„Со голема надеж и оптимизам дека планетата Земја наскоро сепак ќе се врати во и со нормално темпо на живеење, сакаме да ве информираме дека поради актуелната состојба со коронавирусот, одлучивме да не ризикуваме и да не чекаме развој на состојбата, туку да го презакажеме фестивалот ‘Скопје колинг’ за 12 септември (наместо на 05 јуни) на истата локација, стадионот на АРМ.

Вини Вичи, Махмут Орхан, Кирил Џајковски и Сирилик, како и нивните менаџменти, го делат нашето мислење и артистите го потврдија своето доаѓање на 12 септември во Скопје.

Иако состојбата на глобално ниво постојано се менува, сепак нашиот приоритет отсекогаш бил безбедноста на нашата публика, на артистите и на сите луѓе што се инволвирани во реализација на фестивалот. Сите оние што досега имаат набавено билети за фестивалот, истите ќе им бидат важечки и за новиот дату“, стои во соопштението од Авалон.

Scroll to Top