По повеќе од два месеца, скопската Зоолошка градина утре повторно ги отвора своите врати за посетители. Работното време ќе биде од девет до 18 часот, бројот на посетители ќе биде ограничен, а поради сѐ уште присутниот коронавирус, ќе важат и некои нови протоколи за работа и однесување.
Од таму велат дека : „Носење маска ќе биде задолжително, иако ЗОО е отворен простор, а при шетање низ градината посетителите треба да одржуваат дистанца. Строго е забрането хранење и доближување до животните и не смеат да се користат летниковците и игралиштата.
Зоолошката градина беше затворена во средина на март. Новитет се фламингата, а новите жители кои наскоро ќе станат се пингвини и алпаки, а летово треба да се отвори и Дино паркот.