Славеничкиот концерт на „Оргазам“ презакажан за јуни

Концертот на култните „Електрични оргазам“ наместо во март, ќе се одржи на 24 јуни, открија организаторите Авалон продукција. Тие велат дека концертот ќе има и нова локација, па сега ќе се одржи на отворено, на стадионот на АРМ.

„Славеничкиот концерт на ‘Оргазам’ се одлучивме да го направиме на отворено, еден ден пред фестивалот ‘Скопје Гори’ на кој ќе настапат легендарните ‘Пласибо’. Бендот ќе настапи на голема бина и уште поголема продукција, со роденденски репертоар кој ги опфаќа сите песни што ја одбележаа неговата кариера“, велат организаторите.

Сите што имаат набавено влезници, истите ќе им бидат важечки и за концертот на 24 јуни.

 

Scroll to Top