Следете го во живо пристигнувањето на леталото на ОАЕ на Марс

Првата мисија на Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е подготвена за средба со Црвената Планета. Мисијата позната како „Надеж“ влегува во орбитата на Марс денеска, 9 февруари.
Мисијата е една од трите што треба да стигнат до Марс месецов. Мисија до оваа планета испратија и НАСА и Кина.
„Надеж“ ќе ја истражува планетата од орбитата, а кинеската и американската мисија вклучуваат и слетување на Марс.
Вселенската агенција на ОАЕ во живо ќе го пренесува пристигнувањето на „Надеж“ на својата веб-страница. Преносот почнува во 16:30 часот, а може да го следите ОВДЕ.
Со оваа мисија ОАЕ ќе стане петтата земја во историјата што стигнала до Црвената Планета.
Мисијата треба да направи прва комплетна слика од атмосферата на Марс и да испрати повеќе информации за временските услови. 30-ина минути пред да пристигне на Марс, леталото ќе забави од 75.185 милји на час на 11.184 милји на час. Мисијата ќе може самостојно да реагира на некои од можните проблеми.
По пристигнувањето, мисијата ќе воспостави контакт со Земјата преку станицата во Шпанија. Сигналот ќе доцни 10-ина минути.
Откога гравитацијата на Марс ќе го зароби леталото, тоа ќе влезе во орбитата околу планетата. „Надеж“ ќе прави еден круг околу Марс за 40-ина часа. Леталото ќе почне да испраќа фотографии од Марс кога ќе се случи ова.
„Надеж“ ќе остане во оваа фаза до средината на мај кога од Земјата ќе се испратат команди до леталото за да ги тестира неговите инструменти, а потоа тие ќе почнат да забележуваат научни податоци за Марс. Во овој период „Надеж“ ќе прави круг околу планетата за 55 часа. Се очекува мисијата да трае две години, а можеби ќе се продолжи и на три.
Scroll to Top