Слободен „мамурен ден“ кога ќе заглават навечер: Шефица на дигитална команија омилена кај вработените

Не е лесно после бурна вечер да станете и отидете на работа. Една дама која е директорката на дигиталната маркетинг компанија, наместо да  лажете дека сте болни, решила на нејзините вработени да им дозволи однапред да резервираат „мамурен ден“ и останат дома.

Таа направила одлична работа велат стручните лица, вработените се среќни, се развива почит, а работното место е комотно и сепак се завршува работата.

Станува збор за британката Клер Кромптон. Директорката на дигиталната маркетинг фирма „The Audit Lab“ вели дека нејзините вработени секогаш можат однапред да резервираат „мамурен ден“ доколку знаат дека ќе имаат бурно излегување. Таа смета дека работодавачите треба да нудат такви погодности, посебно ако сакаат да привлечат талентирани луѓе во мали места како што се Болтон во кој е и нејзината фирма.

Клер објаснила дека „мамурниот ден“ развива почит помеѓу вработените и доколку имаат ден за мамурлак нема да лажат и земаат боледување. Во што уште е разликата? На мамурниот ден сепак мораат да ја направат работата, но тоа можат да го направат на каучот дома и во пижами. Овој модел е посебно направен за милениумците кои сакаат да излегуваат среде работната недела, на пример во паб, па „мамурен ден“ си резервираат однапред. Всушност, сосема е логичната одлука на шефицата која на веб-страната на компанијата се претставува како „prosecco-loving yummy mummy“.

Во оваа доба од годината, оваа деловна одлука е уште поактуелна, бидејќи дружењето со клиентите и во попладневните и вечерните часови е очекувано. Системот, како што велат и самите вработени, никој не го злоупотребува и дури и стручните лица ја истакнуваат важноста на позитивното и здраво работно опкрушување, бидејќи од тоа зависи доброто на сите во фирмата. Инаку, неодамна истражувањето на BBC покажало дека 40% од вработените во Велика Британија попрво ќе изчажат дека се болни, отколку да признаат дека им треба одмор од работата – ден за „излежување“ во кревет.

Scroll to Top