„Снежното кралство 2“ е анимиран филм со најголема заработка во првиот викенд од прикажување

„Снежното кралство 2“, стана анимиран филм со најголема заработувачка во првиот викенд на прикажување, откако приказната за Елса, Ана и Олаф заработи 127 милиони долари во американските кина и 350,2 милиони во светот. Филмот на „Дизни“ сруши неколку рекорди, па стана анимиран филм со најуспешна премиера во светот и анимиран филм со најголема заработка во Северна Америка надвор од летната сезона.

„Дизни“ го пушти филмот пред Денот на благодарноста, па од студиото очекуваат голема заработка и оваа недела, бидејќи училиштата во САД нема да работат.

Првиот дел од „Снежното кралство“ освои два оскара, за најдобар анимиран филм и за оригинална песна. Тој оствари приход од 1,27 милијарди долари, а во првиот викенд на прикажување заработи 93 милиони во киносалите во Америка.

„Снежното кралство 2“ се прикажува и во „Синеплекс“ во Скопје, а во првиот викенд го погледнале преку 6.000 луѓе.

Scroll to Top