Со продуктивност против Корона

Не дозволувајте вирусот да ве победи на ваш терен!

Да, добро прочитавте – на ваш терен. Вашата куќа е ваш терен и точка. Кажете ѝ збогум на досадата и губењето време сред пандемијата од Корона. Бидете меѓу оние кои пронајдоа начин како во оваа наизглед безизлезна ситуација да бидат продуктивни. Во што е тајната?

Всушност, не е некоја тајна. Таа е секаде околу нас, а ние ја нарекуваме интернет конекција. Звучи познато, нели? Сега ви е како никогаш порано, ви нуди прилика да го обновите своето знаење од бројни области, да стекнете нови вештини, да се едуцирате на различни полиња и со самото тоа да си обезбедите себеси перспективна иднина. Затоа што и ова ќе помине, а животот продолжува. Освен што на Јутуб плтатформата можете да најдете туторијали за речиси сите области од вашите интересирања, на друштвените мрежи овие денови на големо се шират огласи поврзани со онлајн настава, курсеви и образование воопшто.

Неверојатно е што меѓу нив што сè можете да пронајдете, кога еднаш ќе ја загребете површината. Без разлика дали ве интересираат странските јазици, програмирањето или изработката на веб страница, шиење и плетење, курсеви по кулинарство, јога, гимнастика, цртање, сликање, свирење или нешто сосема друго. Излезете од вашата сигурна зона и запловете во неистражените мориња. Никогаш не се знае каков талент се крие во вас. Благодарение на внимателно осмислените курсеви, кои повеќето се одвиваат преку видео снимки, или интерактивна комуникација преку Скајп или Вибер, за кратко време можете да станете доста вешти во одбраната област.

Како би го провериле своето знаење, вашиот онлајн учител може да ви понуди прашалници и тестови, како и по успешната посета на курсот да добиете сертификат кој го потврдува вашето знаење. Не морате значи да излегувате од дома, ниту од вашата омилена фотелја за да стекнете нови сознанија. Фантастично! Едноставно е, интересно и пред сè безбедно, затоа го исклучува директниот контакт со другите луѓе.

Ако сте загрижени како би можело ова да се одрази на вашиот буџет, не треба да бидете. Повеќето од онлајн часовите се потполно БЕСПЛАТНИ!

Scroll to Top