„Собери си ги политичарите и никогаш да не ги видам“, дете испрати писмо до Дедо Мраз

Момче од Босна испрати писмо до Дедо Мраз кое го насмеа регионот. Во писмото, момчето што е потпишано како Петар, бара од Дедо Мраз, кога ќе се враќа на Северниот пол, со себе да ги земе сите политичари и да внимава ниеден од нив да не се врати назад. Писмото на Петар го пренесоа босанските портали.

„Драг Дедо Мраз, имам само една желба и те замолувам да ми ја исполниш. Кога ќе се враќаш на Северниот пол, земи ги со себе сите политичари, ама баш сите. Немој да заборавиш ниту еден од нив овде. Само те молам, добро држи ги додека одиш по пат, за да не пoбeгнaт назад. Тогаш ќе можам да го гледам мојот канал на ТВ, а не собранието што го гледа татко ми, и нивните кaвги.

Те молам, ангажирај ги таму на Северниот пол да ти пакуваат играчки и слатки. Само внимавај, тие сигурно и таму ќе pacправаат, зашто така се навикнати. Ако им дозволиш да се pacправаат, нема да сработат ништо, па следен пат ќе треба да доаѓаш без играчки и слатки.

Се надевам дека ти ќе можеш ова да го решиш, а и мене да ми ја исполниш желбата. Само уште да ти кажам дека ако јас се прашувам, не мораш да ги враќаш.

Твој Петар П.“, стои во писмото.

Scroll to Top