Соблечте ги передрасудите, дамите покажаа како се носат бикини на плоштадот во Скопје

Десетина дами без разлика на својата големина, висина, кожа или “недостатоци“, денес на пладне излегоа  на Плоштадот во Скопје во костими за капење, за да покажат, дека секој од нив на свој начин  знае како да го носи. На модната ревија на  “Лисца“, модна куќа за костими за капење, идејата беше да се каже НЕ на дискриминацијата.

Настани од ваков тип ретко се случуваат низ целиот свет. Мотивирани од влијанието и водени од искуството, од модната куќа речија и кај нас  да ја пренесат моќта на сите жени.

„ Како на Пјаца Дуомо во Милано, така и на Плоштад Македонија во Скопје, жените излегоа пред јавноста и ја нагласија гордоста која ја имаат за себе и своето тело. Тие чекореа со крената глава и насмевки на нивните лица“, велат од оргазаторите.

Модната парада за позитивна слика на телото беше насловена “Горда што сум своја“, која за прв пат се одржа во Скопје и имаше за цел да каже НЕ на дискриминацијата. Мисијата е да се убедат жените и мажите да ги „соблечат сите видови на предрасуди“.

 

Scroll to Top