Сонце уште утре, од понеделник дожд и пад на температурата и под нулата

Уште утре ќе се задржи сончево време, а веќе од понеделник попладне и во вторник синоптичарите најавуваат повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

Утре, утринските температури ќе бидат ниски, а во Берово се очекува температурата да се спушти до -1 степен, додека дневните температури ќе достигнат до 27 степени.

И во следните денови утрата ќе бидат студени со минимални температури од 2 до 15 степени, додека дневните ќе се движат од 20 до 29 степени.

Услови за локален дожд ќе има и во четврток, а во петок се очекува стабилизирање на времето.

 

Scroll to Top