Сопругата на Ким Џонг-ун се појави во јавност првпат по повеќе од една година

Ри Сол-ју, сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, по повеќе од една година, се појави во јавноста. Таа и нејзиниот сопруг беа на концерт со кој беше одбележан роденденот на неговиот покоен татко и некогашен претседател на Северна Кореја, Ким Џонг-ил.

Ри претходно често одеше на јавни настани со својот маж, но последен пат е видена во јавноста лани во јануари. Набргу потоа во светските медиуми се пишуваше дека или има проблеми со здравјето или дека е бремена.

Според Националната разузнавачка служба на Јужна Кореја, таа избегнувала да се појавува во јавност поради грижите поврзани со Ковид-19 и поминувала повеќе време со децата. Северна Кореја досега нема потврдено случај на коронавирус, што, според експертите, е малку веројатно.

Ри, за која се вели дека има 31 година, потекнува од семејство од висока класа. Државните медиуми велат дека Ри порано била пејачка во елитниот оркестар „Унхасу“ и се верува дека се омажила за Ким во 2009. Според јужнокорејските разузнавачи, тие заедно имаат три деца.

Scroll to Top