Иако редовно ја чистите кујната, како и апаратите кои се наоѓаат во неа, повремено треба да ја исчистите и даската за сечење. Поради честата употреба и престојот на влажно, на себе има голем број бактерии и вируси. Затоа, ако не знаете како да ја исчистите соодветно, без разлика дали е дрвена или пластична, имаме неколку совети.
Прв трик – дезинфицирајте ја даската за сечкање
За да ја исчистите даската од вируси и бактерии ќе ви биде потребен само оцет. Потребно е со него да ја полиете даската за сечкање и потоа добро да ја истриете со сунѓерче. Можете да го натопите сунѓерчето за садови со оцет, и на тој начин да ја изрибате даската. После рибањето на даската, исперете ја со топла вода и исушете ја. Доколку даската на овој начин ја дезинфицирате еднаш во недела и пол дена, немате зошто да се плашите.
Втор трик – ослободете се од непријатниот мирис
Ако имате дрвена даска за сечкање, сигурно сте го почувствувале оној непријатен мирис кој се создава поради влагата. Дрвената даска за сечкање многу побавно се суши од пластичната и доколку често ја ставате под вода, таа може скоро секогаш да биде мокра, што доведува до појава на непријатниот мирис.
За да го елиминирате непријатниот мирис од својата даска, потребно е да направите раствор од вода, сода бикарбона и сол. Во голема чинија сипете топла вода колку да ја прекрие даската. Потоа додајте две полни лажици сол и две лажици сода бикарбона. Даската оставете ја час до два да отстои во растворот, па исперете ја и исушете ја.
Трет трик – тргнете ги дамките
Сигурно сте забележале дека на и на дрвените и на пластичните даски за сечкање се појавуваат дамки, начесто црни или темно кафени, до жолта боја. За да ги отстраните од даската за сечење, потребно е врз неа да истурите сол (една лажица) и потоа да ја истриете со половина лимон. Лимонот пресечете го на пола и тријте преку солта која ја истуривте врз даската. На овој начин даската ќе се дезинфицира. После „пилингот“ даската исперете ја со топла вода и исушете ја.
Наш совет е даската за сечкање да ја чистите еднаш неделно, доколку ја користите секојдневно или еднаш во две недели доколку не ја користите толку често.