Совршени филмови за вечер со пријателките

Вечер со пријателките е нешто што на секоја жените ѝ е потребно одвреме-навреме. Другарки, долги разговори, домашни спа-третмани, пиење кафе, вкусна храна за совршена ноќ. Меѓутоа, таквата „моминска вечер“ не може да помине без филмскиот маратон. Ова е листа на најдобрите филмови кои се одлични за ваква забава.

Појадок кај Тифани (1961)

Класика со единствената Одри Хепберн во главната улога. Совршен предлог за љубителите на старата кинематографија, елеганција и самиот Њујорк, кој едноставно ќе ве импресионира.

Ѓаволот носи Прада (2006)

Овој филм е совршен за девојките што ја сакаат модата. Ен Хатавеј не само што инспирира, туку и нè предупредува и потсетува дека дури и модниот свет има своја темна страна. Во филмот глуми и Мерил Стрип – не може да биде подобро!

Запознајте го Џо Блек (1998)

За овој филм подгответе ги шамивчињата. Главниот протагонистот е Смртта, која влегува во телото на неодамна починат млад човек (чиј лик го толкува Бред Пит) и доаѓа во посета на еден милионер (Ентони Хопкинс) за да му ја земе душата. Заплетот следи во моментот кога Смртта се заљубува во ќерката на милионерот (Клер Форлани).

Пустински цвет

Овој филм покажува еден мошне сериозен проблем, а тоа е неправдата на судбината и недостатокот на свест меѓу народите во Африка. Една девојка (Леа Кебеде) од сомалиската пустина го напушта племето и заминува во Лондон. Главниот град на Велика Британија за неа од самиот почеток не е доволно среќно место, но благодарение на неколку случајности, судбината конечно ѝ се насмевнува. Сериозноста на ситуацијата го додава фактот дека приказната за Сомалијците е многу точна.

Француски бакнеж (1995)

Кејт (Мег Рајан) мрази да лета со авион,  но одлучува да го преброди својот страв и да одлета во Париз за да го пронајде својот вереник кој ѝ рекол дека ја раскинува веридбата бидејќи запознал Французинка во која се заљубил. На Кејт во Париз ѝ се случуваат многу непредвидени авантури.

Веридба (2009)

Сандра Булок е кралица на американските комедии. Филмот е приказна за Маргарет на која ѝ се заканува депортирање во Канада. Жената која сака да остане во САД и да ја задржи својата работа, одлучува бргу да пронајде кандидат за маж. Нејзиниот асистент – Рајан Рејнолдс — е одличен за тоа. Но, и покрај прилично ладните контакти, се обидува да создаде веродостојна врска и да го избегне присилното преселување.

 

Scroll to Top