Создавањето на ѕвездите почнало 250 милиони години по Големата експлозија

Откако открија траги од кислород, јапонски астрономи дојдоа до сознание дека ѕвездите во галаксијата МАКС-1149-ЈД-1 се образувале 250 милиони години по Големата експлозија – доста кус период од вселенска гледна точка.

Овие траги од кислород се најраните откриени во вселената. Светлината којашто доаѓа од галаксијата патувала 13,28 милијарди светлосни години пред да дојде до Земјата. Една светлосна година е растојанието кое светлината го минува за една година – 9,5 трилиони километри.

Во вселената првично немало елементи како кислород, јаглерод и азот. Се смета дека тие се создадени од хемиските реакции на најстарите ѕвезди и се распрскани во вселенскиот меѓуѕвезден простор при самото експлодирање на ѕвездата. Присуството на кислород покажува дека создавањето на ѕвездите започнало околу 250 милиони години по Големата експлозија, кога вселената била само два отсто стара во споредба со сега.

„Пред истражувањето, имаше само теоретски предвидувања за образувањето на најстарите ѕвезди. За првпат набљудувавме така рана етапа од тој вселенски процес“, рекол астрономот Такуја Хашимото од Универзитетот Осака Санџо.

Scroll to Top