Спомениците на Александар Македонски и Филип одат за Солун

Спомениците на Александар Македонски и Филип Втори Македонски, кои се на плоштадот во Скопје, ќе бидат префрлени во Солун, пишува грчкиот весник „Катимерини“.

Како што наведува весникот, според договорот на двајцата премиери, спомениците ќе бидат префрлени во Солун или Македонија ќе мора да стави плочки со кои ќе се дообјасни дека тоа е симбол на грчката култура.

„Нашите соседи веќе ги променија имињата на аеродромот, автопатиштата и стадионот“, пишува „Катимерини“.

Новото име за Македонија е договорено со официјална Атина и ќе биде Република Северна Македонија, соопшти премиерот Заев.

Заев изјави дека тоа решение е постигнато по повеќегодишниот спор со Грција и гарантира и национален идентитет и напредок на земјата.

 

 

Scroll to Top