Според обложувалниците „Медена земја“ нема да освои Оскар

Откако минатата недела беа откриени имињата на филмовите што се номинирани за Оскар, светските обложувалници ги открија квотите за тоа кој филм има најмногу шанси да ја освои оваа престижна награда.

Македонскиот филм „Медена земја“ е номиниран во две категори, за најдобар странски филм и за документарец. Но, според обложувалниците, шансите да освои Оскар се мали.

Главен фаворит за освојување награда во категоријата „странски филм“ е јужнокорејскиот филм „Паразит“, кој ги освои речиси сите награди во Азија. Според обложувалниците, негов главен конкурент е филмот „Болка и слава“, во кој главната улога ја има Антонио Бандерас. „Медена земја“ е на четвртото место, со коефициент 30.

Во категоријата за најдобар документарец, шансите на „Медена земја“ се исто така мали. Во оваа категорија, филмот за Атие е на третото место според обложувалниците, со коефициент 13. Поголеми шанси од македонскиот филм имаат „Американска фабрика“ и „За Сама“.

Инаку, „Медена земја“ е номиниран за Оскар 26 години откако филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски се најде во конкуренција за оваа награда. „Медена земја“ истовремено е и првиот документарен филм во историјата што бил номиниран во две категории.

(Видео) „Мајка ми се радуваше што ќе станам позната“, медената Атиџе ги чека Оскарите

Scroll to Top