По серијата слаби игри на Барселона, малку фалело двете ѕвезди на католнскиот тим, Лионел Меси и Жерар Пике да се степаат за време на тренингот минатата недела, пренесуваат шпанските медиуми.
По кавгата двајцата тргнале да се пресметаат еден со друг, а да не дојде до поголем инцидент, спречиле останатите соиграчи. Инцидентот се случил минатиот вторник на еден од тренинзите на Барселона.
Пике смета дека Меси не ја врши својата улога докрај како капитен на клубот и дека тимот се распаѓа поради него.
За среќа, веднаш после тренингот и двајцата ги смирија страстите и се помирија.