Србин незадоволен од услугата во бордел се заканил дека ќе го запали и барал да му ги вратат парите

34-годишен Србин бил уапсен во Виена откога побарал да му ги вратат парите во бордел оти не бил задоволен од услугата, а се заканувалл и дека ќе го запали борделот, пренесе „Клајн цајтунг“.

Според портпаролот на полицијата, Кристофер Верњак, сексуалната работничка ја прекинала услугата околу 16 часот бидејќи човекот бил премногу брутален. Тој побарал да му се вратат парите. Но, кога вработените го одбиле, станал уште поагресивен и почнал да се заканува дека ќе го запали целиот бордел.

Вработените во борделот повикале полиција, која го привела.

Scroll to Top