Србин уапсен во САД, поткупувал полицаец со марихуана

Триесетгодишен Ненад Стелиќ од Белград бил уапсен во Колорадо откако му понудил неколку килограми марихуана на полицаецот кој го запрел. Србинот возел и гледал во телефонот, по што полицијата го запрела. Српските медиуми пишуваат дека Ненад живее во Чикаго со работна виза.

Кога полицијата го сопрела, од автомобилот почувствувале силен мирис на сирова марихуана и освежувач на воздух. Полицаецот го прашал колку марихуана има во возилото, а Штелиќ наводно одговорил дека нема ништо, но дека претходно пушел марихуана во автомобилот.

Полицијата го пребарала автомобилот и пронашла шест големи црни кеси за ѓубре, во кои имало помали вакумирани вреќи со марихуана со тежина од околу 70 килограми, стои во полицискиот извештај. Стелиќ рекол дека самиот ја одгледувал марихуаната во фабрика во Сан Франциско и дека ја транспортирал во Чикаго или во Њујорк. Во извештајот стои и дека Србинот го прашал полицаецот дали го снима претресот и нивниот разговор, па откако добил потврден одговор, му предложил да престане со снимање. Потоа му рекол да му остави неколку килограми канабис, а дел од марихуаната да ја земе за себе.

Полицијата го обвинила Србинот за поткуп и за поседување марихуана со намера за дистрибуција. Ако биде осуден за поткуп, може да добие од 4 до 16 години затвор, а ако го осудат за поседување, во затвор би останал 32 години.

Scroll to Top