Среќа во куќа -моќта на дрвото на мандарината наспроти „Фенг шуи“

Многу од нас го слушнале изразот „носење среќа во домот“, но како тоа да се направи?

Никој не може среќата да ја земе во рака и така лесно да ја пренесе преку прагот од станот. На крајот на краиштата, среќата е нематеријална. Но, Фенг шуи експертитите не се сложуваат со ова тврдење. Тие веруваат дека тоа може да се направи со помош на некои талисмани. А едно од нив е и мандарина дрвото.

Куќата може да се исполни со радост, но и да им даде финаниски напредок на сопствениците. Но, тоа не се сите својства на оваа прекрасна билка. Прочитајте ги во продолжение и научете во кои цели може да се искористи.

Дрвото мандарина според Фенг шуи

Портокаловата боја и мандарина дрвото одамна се сметаат како симболи за среќа, успех и материјална благосостојба. И затоа кога се прославува Нова година, Кинезите традиционално го украсуваат својот дом со мандарини и им ги даваат на своите пријатели. Така мандарина дрвото, на кое обично обилно растат сјајни и сочни плодови, исто така се смета за еден од најмоќните Фенг шуи талисмани.

Заслужно е за многу својства и квалитети, меѓу кои и привлекувањето пари. Покрај тоа, дрвото на среќата (како и што го нарекуваат на Истокот) може да ги зајакне семејните врски, да ја врати страста и љубовта, да го олесни израснувањето на децата и да го подобри здравјето на нивните сопственици. Таквото изобилство од својства е објаснето со неговата единствена способност за привлекување позитивна енергија, каде и да се наоѓа.

Практична примена на талисманите

Имајќи го предвид сето горенаведено, набавете си мандарина дрво доколку сакате:

– да привлечете љубов и да изградите односи со партнерот, ставете го во спалната соба;

– да го зајакнете своето здравје – најдете му место на источниот дел од куќата;

– да ја подобрите својата финансиска ситуација и да постигнете успех во кариерата – лоцирајте го дрвото во зоната на богатството (југоисток) или зоната на кариерата (север);

– да родите дете – ставете жив талисман на запад, ставајќи слика од деца покрај него

Исто така е добро да го ставите мандарина дрвото во дневната или собата во која целото семејство се собира. Тоа позитивно ќе се одрази на сите подрачја од живототот на домашните, исполнувајќи го притоа семејството со хармонија и љубовна атмосфера.

За постигнување на видлив ефект, неопходна е внимателна грижа. Тоа сака сонце и почесто наводнување. Со тоа што, пред набавката на оваа билка морате да дознаете сѐ околу тоа како правилно да се грижите за неа и во кои услови треба да расте.

Меѓутоа, Фенг шуи го признава присуството на маскота. Значи, доколку немате желба за одгледување на вистинска мандарина, можете да купите нејзин еквивалент во облик на мали фигурички од езотериска продавница (најчесто се продава како „дрво на среќата“ и украсено со драгоцени камења).

Сега знаете дека среќата навистина можете да ја внесете во домот. Со тоа што, доколку во животот почувствувате недостаток, слободно одете во набавка на неопходните кои се корисни билки за сѐ.

Исто така, на исток постои верување дека доколку неженетото момче на својата девојка ѝ подари мандарина дрво, тоа значи дека ја чека брза венчавка и среќна иднина со својот избраник.

Доколку верувате во моќта на кинеските техники, набавете си мандарина дрво и уживајте во благосостојбата.

Scroll to Top