Еден од првите цртани филмови на компанијата Волт Дизни кој беше одамна изгубен е најден во Јапонија.
Во цртаниот филм што трае две минути се појавува Освалд Лаки Ребит, пропратниот лик на Мики Маус. Ова е еден од седумте изгубени цртани филмови на Дизни.
Јасуши Ватанабе (84) го купил цртаниот филм за само 3,4 фунти од трговец на играчки во Осака кога бил тинејџер. Тој го чувал реткиот филм во изминативе 70 години, без да знае дека се работи за оригинално дело на компанијата Дизни.
Цртаниот филм со оригинален наслов „Neck & Neck“ е спакуван во црвена кутија, обележан со „Mickey Manga Spide“.
Уште еден изгубен цртан филм на Disney насловен „Sleigh Bells“ беше најден пред три години во архивот на Британскиот институт. И во него приказната е за згодите и незгодите на зајакот Освалд.