Статуата на Брус Ли во Мостар осамна со маска и ракавици

Статуата на Брус Ли во Мостар, Босна и Херцеговина осамна опремена со заштитна маска и ракавици. Инстраграм-страницата посветена на овој мајстор за боречки вештини наведува дека на тој начин тој повторно станал симбол на борбата, овој пат против коронавирусот.

Ќерката на Брус – Шенон Ли, пак, се потсети на неговата изрека: „Добриот борач никогаш не е гневен, туку подготвен“. Со оваа статуа на Брус Ли, која е опремена со соодветна опрема за Ковид-19, сега го направија и пример за борбата против коронавирусот, додава таа.

 

Scroll to Top