Стрелец: Годишен хороскоп за 2020 година

Во почетокот на 2020 година ќе имате сериозни проблеми кои ќе им одземат многу време и нерви. Нема да знаете како да се поставите и како да реагирате соодветно. Голема поддршка ќе добиете од личност од која не сте го очекувале тоа. Бидете силни, иако ви доаѓа да избегате што подалеку од сè. По неколку месеци ситуацијата ќе се подобри и ќе можете повеќе да се релаксирате. Во меѓувреме ќе почнете да ги цените и ситниците на кои претходно не сте обрнувале внимание, а на сметка на тоа помалку ќе се нервирате за баналности. Кон крајот на годината започнува период во кој нема да има ниту стрес, ниту нервози и конечно ќе можете да се посветите на себе и на обврските кои претходно ги занемаривте. Во некои ситуации ќе ви се чини дека сè било само лош сон, а ќе направите сè за таквиот период никогаш да не ви се повтори.

Работа

Вработените стрелци не се нешто особено задоволни од сегашното работно место. Мачно ќе ви биде секое одење на работа и едвај ќе чекате да дојде викенд за да можете да одморите од сè. Сепак, оваа агонија нема долго да трае, бидејќи или ќе се промени структурата на фирмата или вие ќе побарате нова работа. Веќе нема да бидете под стрес. Невработените стрелци постојано ќе конкурираат на огласи, но ниту една понуда нема да ви се допаѓа. Блиска личност ќе ви помогне да го решите својот работен статус, а вие ќе ја искористите шансата за да можете побрзо да напредувате. Студентите треба редовно да одат на предавања за да бидат во тек со материјалот кој е потребен за полагање на колоквиумите и испитите. За она што не го разбирате, подобро е да земете приватни часови.

Љубов

Во 2020 година, ако сте во врска, ќе имате постојани расправии со партнерот. Ќе ви пречат некои негови особини, но истото се случува и од другата страна. И двајцата се обидувате да го промените другиот, а тоа не е вистинскиот пристап. Размислете колку ви значи таа врска и дали навистина сакате да ја спасите љубовта или пак, се работи само за навика. Слободните стрелци потајно се вљубени во личност која одамна ја познаваат. Емоциите многу ќе ви тежат и ќе одлучите гласно да признаете што чувствувате. Другата страна не го очекува тоа и ќе биде прилично збунета и нема да знае што да ви одговори. Ако сте во брак, имате хармоничен однос со партнерот и сте пример за тоа како треба да изгледа еден складен и успешен однос.

Пари

Во 2020 година ќе бидете вредни и ќе ги подмирите сите трошоци. Поради тоа, нема да имате особено слободно време и некои планови ќе мора да ги одложите за подоцна во годината. Кон средината на годината ќе инвестирате во недвижнини или во нешто друго што ви е значајно. Кон крајот на годината ќе успеете да си купите нешто што подолго време го посакувате.

Здравје

Постојано сте под стрес и тоа лошо влијае врз вашето физичко здравје. Ќе претерате со алкохолот и цигарите и сето тоа ќе се обидете да го оправдате со стресот. Но, внимавајте, се изложувате на преголем ризик, поради што по првото тримесечје може дури и да завршите во болница.

Scroll to Top