Стрип за Бетмен е продаден за рекордни 2,2 милиони долари

Стрип за Бетмен е продаден за рекордни 2,2 милиони долари. Продажбата поставила светски рекорд на стрип-аукција на суперхеројот Бетмен, објави аукциската куќа „Heritage Auctions“. Купувачот сакал да остане анонимен, изјави портпаролот на аукциската куќа Роберт Вилонски.

Стрипот „Бетмен бр.1“ ги прикажува Бетмен и неговиот асистент Робин како летаат на жолта позадина и на црвениот хоризонт на Готам Сити. Се појавуваат и познатите ликови Џокер, Бет- жената (жена-мачка) и Уго Стрејнџ, соопшти аукциската куќа.

   

Колекционер го купил тој стрип за 3000 долари во Хјустон во 1979 година. Неговата оригинална цена во 1940 година била 10 центи. Неговата цена скокнала дури и пред аукцијата и повеќе од 24 понуди пристигнале од средината на декември.

Претходниот рекорд за стрипот Бетмен бил поставен во ноември кога „Heritage Auctions“ го продал на аукција „Детектив стрип бр.27“ од 1939 година во кој првпат се појавил Бетмен по цена од 1,5 милиони долари.

 

Scroll to Top