Светот во 2018 остана без Хокинг, Буш, Бордејн, Арета Френклин

Претходната година ја одбележаа смртта на еден од најголемите умови на денешницата, политичар кој го сруши Советскиот Сојуз и СФРЈ, како и човекот кој ги создаде стриповите со кои пораснаа голем број од возрасните генерации.

Во годината која измина светот го напуштија голем број на познати лица, политичари кои ја водеа планетата со децении, писатели, актери, водители…

На самиот почеток на годината на 5 јануари почина Џон Јанг (1930-2018), американски астронаут и еден од 12 луѓе кои шетале на површината на Месечината.

Пораката до светот

Веќе на 14 март светот го потресе смртта на британскиот научник Стивен Хокинг (1942-2018), еден од најголемите умови на денешницата. Овој човек имаше неверојатна животна приказна . На 21 година му било соопштено дека има Лу-Герингова болест и дека може да очекува да живее уште најмногу три години. Но, Хокинг не се предаде.

„Најголемиот непријател на знаењето не е глупоста, туку илузијата на знаење“, е една од неговите најголеми пораки на светот.

Семејството Буш оваа година имаше два погреба. Прво на 17 април, почина некогашната американска прва дама Барбара (1930-2018), а на 30 ноември и нејзиниот сопруг Џорџ Буш (1924-2018).

Поранешниот претседател на САД беше на чело на најмоќната држава на светот во време кога победија во Студената војна, но и кога се распаднал Советскиот сојуз и СФР Југославија. Америка на 25 август остана без уште еден политичар, сенаторот Џон Мекејн (1936-2018), а на 18 август почина и поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации Кофи Анан (1938-2018).

Самоубиства

Планетата на 8 јуни ја потресе веста за самоубиството на славниот водител и готвач Ентони Бордејн (1956-2018), кој со години се борел со депресијата.

Во 2018 година, светот го напуштиле и творците на прочуениот суперхерој Спајдармен – 29 јуни Стив Дитко (1927-2018) и 12 ноември Стен Ли (1922-2018).

Актерката Маргот Кидер (1948-2018) која беше позната по улогата на Лоис Лејн во серијалот филмови за Супермен, почина на 13 мај. Пејачката Арета Френклин (1942-2018) го напушти светот на 16 август, а актерот Берт Рејнолдс (1936-2018) на 6. септември. Еден од најдобрите писатели во втората половина на 20 век, Филип Рот, починал на 22 мај.

 

 

 

 

 

Scroll to Top