„Таа е очите, а јас нозете“:Слеп маж и дама која не може да оди заедно искачуваат планини

Мелани Кнехт и Тревор Хан се приказна за која се раскажува. Велат дека се одеалн тим и покрај недостатоците. Таа не може да оди, а тој не може да гледа, но со здружени сили искачуваат планини и инспирираат зардаи начинот на кој го гледаат животот. Мелани е родена со спина бифида, состојба  во која  ’рбетот и ’рбетниот мозок не се развиваат правилно додека бебето е во утробата на мајката. Тревор, пак, го изгубил видот пред пет години како последица на глауком.

Љубовта кон планините и активностите во природа ги спои Мелани и Тревор. „Имаше смисла. Тој е нозете, јас сум очите – Бум! Заедно ние сме тимот од соништата“ – изјавила Мелани во неодамнешно интервју.  „На овој начин и двајцата имаме цел и огромна одговорност“ – додал Тревор. Мелани во секојдневието користи ортопедска количка. „Целиот мој живот сум во инвалидска количка и неверојатно е чувството да ја оставам буквално илјадници метри назад на патеката“ – изјавила таа.

„Среќен сум што можам да помогнам некому да го искуси тоа што јас го доживував цел живот. Самото тоа што се качувате на планина, каде не може да стигне автомобил, прави да чувствувате како да сте постигнале нешто важно. Најдобриот дел е тоа што можам со тоа да ја насмеам Мелани“ – објаснува Тревор.

Пријателите, кои се доказ за моќта на тимската работа, ги документираат своите авантури со фотографии и видеа кои ги објавуваат на нивниот заеднички Инстаграм профил.

Scroll to Top