Таџ Махал повторно се отвори за туристите

Иако Индија е сè уште среде вториот бран пандемија, властите го отворија Таџ Махал за туристите. Земјата брза да ги укине ограничувањата оти се обидува да ја заживее економијата.

Светското наследство од 17 век, изградено од императорот Шах Џахан во северниот град Агра, беше затворено на почетокот на април бидејќи Индија воведе строги мерки во земјата за да го запре наглиот пораст на инфекцијата со Ковид-19, која сè уште убива илјадници луѓе секој ден.

„Само 650 туристи ќе може да влезат во Таџ Махал во секое време“, изјави Прабху Синг, окружен судија во Агра.

Споменикот пред пандемијата го посетуваа 7-8 милиони луѓе годишно или во просек повеќе од 20.000 луѓе на ден.

Државата Утар Прадеш, каде што се наоѓа Агра, е меѓу најтешко погодените земји во однос на вкупниот број случаи на Ковид-19.

Scroll to Top