Талибанците го запалија лунапаркот во кој се возеа со количките

Еден ден откако директно од фронт завршија во лунапарк и испробаа сè што има да се проба, талибанците се вратија и до темел го запалија цел парк.

Индиските медиуми пренесуваат локални сведоштва, според кои неколку дена по првичната посета, талибанците се вратиле и го пеплосале забавниот парк Бохди, во градот Шеберган.

Опожарувањето на објектот било затоа што во паркот имало споменици и идолизирање, кои се сметаат за нелегални според талибанското толкување на исламот.

Снмиките каде возат колички и скокаат по трамполина пред два дена го обиколија светот.

Scroll to Top