Танчерки го окупираа село Желино, полицијата во акција

Девет женски лица, пејачи и танчерки, се затекнати во акција на полицијата ноќеска од полноќ до 2. часот во угостителски објект во село Желино, тетовско сопственост на 46-годишен жител на ова село. Според МВР при контролата, од деветте женски лица (пејачки и танчерки), три биле од Албанија и шест македонски државјанки.

Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години приведени се во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка, а сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициска станица Тетово.