Татко 18 дена чекал пред пештерата да ги извадат сите деца

Адисак Вонгсукчан, таткото на 14-годишниот Акарат, едно од дванаесетте деца кои од 23 јуни беа заробени во пештерата во Тајланд, за светските медиуми рече дека поминал цели 18 дена пред влезот на пештерата чекајќи неговиот син да излезе, ама дека не сакал да си замине додека не го спасат и последното дете. Рекол дека бил загрижен за синот, што јаде, како живее, дали ќе успее да се спаси.

„Им ветив на другите родители, на тие чиишто деца не излегоа веднаш, дека ќе чекам со нив и ќе си одам кога ќе си одат и тие. Нема да ги напуштам иако мојот син излезе. Ќе минеме низ сè заедно,“ рекол Адисак кога бил спасен неговиот син.

Акарат беше меѓу првите момчиња што беа извлечени од пештерата. Спасувачката мисија траеше три дена. Сите 12 момчиња и нивниот тренер беа извлечени живи од пештерата.

Scroll to Top