Таткото на Меган Маркл во болница

Таткото на Меган Маркл заврши во болница , a ситуацијата била сериозна па неизвесно е и дали ќе дојде на свадба, пренесе „Дејли Мејл“. Седумдесет и три годишниот Томас Маркл наводно пред шест дена имал срцев удар.

Тој рекол дека не сака да присуствува на големата свадба , за да не и создава непријатност на Меган, поради тоа што, неодамна се пишуваше дека тој добил пари од папараците за фотографии кои се направени со негова помош. Томас Маркл требало да биде со својата ќерка во сабота на 19 мај, но се чини дека на крајот сепак нема да отпатува за Лондон, туку ќе остане во САД. Мајката на Меган, Дорија Рагладн ќе ја испрати својата ќерка до олтарот.

Scroll to Top