Театарот за деца и младинци ќе организира Меѓународен фестивал посветен на Игор Маџиров

Театарот за деца и младинци ќе организира Интернационален фестивал на детски театри, што ќе го носи името на покојниот актер Игор Маџиров.

„По 32 години успешна работа, бројни меѓународни награди и признанија и неколку рекордни изведби на претстави во нашиот театар, сакавме да ја продолжиме нашата приказна, создавајќи го овој фестивал, чија цел е промоција на детски претстави, работени од наши колеги од светот“, велат од Театарот.

Првото издание на меѓународниот фестивал ќе се одржи од 30 септември до 4 октомври во Скопје. Фестивалот ќе биде со натпреварувачки карактер и ќе се доделуваат седум награди: Гран при награда за најдобра претстава, најдобра режија, најдобра машка улога и женска улога, најдобра сценографија и костимографија и специјална награда. Фестивалот ќе има и придружна програма со работилници, семинари и дебати.

Scroll to Top