Тигар е првото животно заболено од коронавирус во САД

Тигар во зоолошката градина во Њујорк е првото животно кое е заразено од коронавирус во САД. Тигарот бил позитивен на опасниот вирус, велат официјалните извори од зоолошката.

Американското Министерство за земјоделие изјави дека станува збор за четиригодишен тигар, наведувајќи дека симптомите на болеста почнале да се покажуваат уште кај шест тигари и лавови со кои „нулта“ тигарот бил во контакт.

Како што пренесува агенцијата „Асошиетед прес“, се претпоставува дека животното го заразил некој од вработените во зоолошката во Бронкс, кај кого е регистриран присуство на Ковид-19.

Од зоолошгата градина соопштиле дека тигарот почнал да покажува симптоми на болеста на 27 март и дека очекува животното да закрепне. Зоолошката во Бронкс е затворена на 16 март во рамки на преземените мерки од пандемијата на коронавирусот.

Scroll to Top