Израелскиот тинејџер Томер Франкфуртер загина во национален парк Јосемити во Калифорнија додека се обидувал да направи селфи застанат на карпа, пренесе „Би-би-си“.
Осумнаесетгодишното момче било на двомесечно патување во Америка, изјавила неговата мајка за израелските медиуми. Таа додала дека ѝ било пренесено оти нејзиниот син се обидувал да се фотографира со својот мобилен телефон, но се лизнал и паднал од висина од 250 метри.
Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека телото на тинејџерот ќе биде вратено во Израел за да биде закопан во родната земја.